Младински Совет Охрид како Локален Волонтерски Сервис спроведе две обуки за волонтерски менаџмент. Учество зедоа 10 волонтери и 9 супервизори од исто толку јавни институции и здруженија на граѓани во кои ќе бидат ангажирани волонтерите.

Волонтерите и нивните супервизори беа запознаени со проектот Локален волонтерски сервис кој го реализира Младинскиот Совет Охрид, а исто така и со Законот за волонтирање со кој се уредуваат условите и начинот на вршење на волонтерската работа, правата и обврските на волонтерот и организаторот, договорот за волонтирање, евиденцијата на волонтерската работа. Исто така на обуката беше презентирана и волонтерската книшка во која се внесуваат податоците за времетраењето на ангажираност и видот на обуката за која волонтерот се оспособил како и за времетраењето на волонтирањето. Книшка ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика.

Супервизорите се обучија за волонтерски менаџмент, односно за следење на  напредокот на волонтерот додека работи во неговата институција.

На обуката беа поделени и ,,студии на случај,, односно конкретни ситуации со кои можат да се најдат и волонтерите и супервизорите, според кои беа понудени соодветни решенија за импровизираните поблеми.

Помеѓу  институциите  и здруженијата кои ќе примаат волонтери до март 2009 година се ЈЗУ Општа болница, Специјална болница за за ортопедија и траумотологија Св. Еразмо“, ЈОУ Детска градинка ,,Јасна Ристеска“,  ОУ „Свети Климент Охридски“, Градска библиотека ,,Григор Прличев“, Дневниот центар ПОРАКА  и  невладината ОПЦИЈА.

Ohridnews