Во текот на оваа седмица, волонтерите од Црвениот крст Охрид се вклучија во низа акции, кои имаа за цел да ја подигнат свеста кај младите за водење здрав животен стил, опасностите кои демнат од злоупотреба и конзумирање алкохол, односно да ги промовираат хуманите вредности на дело.
Во очи на празникот „Св. Трифун“ и „Св. Валентин“, волонтерите од клубот на млади ја посетија студентската забава на Факултетот за туризам и угостителство, на која беа поделени поголема количина презервативи, единственото медицинско средство за заштита од сексуално преносливи болести.
„Волотонтери од Клубот на млади по повод 14-ти февруари, ден претходнодно ја посетија забавата организирана од страна на ФТУ Охрид. Ја искористивме можноста уште еднаш да воспоставиме соработка со оваа високообразовна институција преку делење презерватици. На некој начин, промовиравме здрав животен стил и безбедно водење љубов.“ – вели Младен Божиновски, младински координатор при ОО Црвен крст Охрид.
Исто така, оваа седмица беше организирана и првата тренинг работилница на тема „алкохол и младите“ спроведена од Валдимир Панзов, а на која стана збор за штетноста од употреба на алкохол, појавата на зависност, односно ризиците и последици од неговата употреба.
„За жал честа е појавата на конзумација на алкохол меѓу младите и ваквата иницијатива е со цел да се обучат младите кадри, кои понатаму своето знаење ќе го пренесат на своите врсници во заедницата. Циклусот има четири тренинг работилници, на која присустуваат млади на возраст од 14 до 25 години. На крајот од сите овие работилници, учесниците ќе се стекнат со соодветни сертификати. Неколкумина од нив, ќе имаат можност да појдат во Италија и да посетат еден младински камп, каде со своите врсници ќе разменат искуство кон работата на ова поле.“ – додава Божиновски.
Во текот на вчерашниот ден, по повод „Денот на вљубените“ и „Свети Трифун“, на градскиот плоштад во Охрид членовите на Оригами клубот при општинскиот Црвен крст, по симболична цена продаваа срциња и цвеќиња изработени од хартија. Исто така, се продаваа и гипсени предмети изработени од младите од ЦК/ПХВ програмата, клубот на млади, односно „Арс Вивенди“ при ЦК Охрид.
„Веќе 16 години на глобално ниво во рамките на Република Македонија функционира ЦК/ПХВ програмата. Целта е да се регрутираат нов млади волонтери кои ќе бидат вклучени во планови, подготвка и истражување на мали, но големи проекти кои се основно значење за заедницата. Во таа насока, еден од проектите да се помогне на Здружението „Добротољубие“, а од тој аспект младите се трудат да соберат средства. Една од активностите беше изработка на гипсени фигури на втората работилница, со волонтери од овогодинешниот ПХВ циклус. Истите беа избоени и понудени за продажба на градскиот плоштад во Охрид. Се надеваме дека поддршка како и секогаш, ќе добиеме од бизнис и корпоративниот сектор, односно граѓаните и волонтерите кои секогаш помагаат на нашите активности.“ – додава Божиновски.
O.T.