50 вреќи најразличен смет и 2 кубика друг отпад,  младите волонтери од Охридскиот Црвен крст, собраа во вчерашната  акцијата за чистење на отпадоците од  крајбрежниот појас, на потегот од пред хотелот “Бетон” до хотелот ‘Застава-Астор”.


Оваа акција беше поддржана од екипите на  ЈП “Охридски Комуналец,” кои донираа кеси за  отпад и го дадоа на располагање специјалното возило за подигање смет.

Оваа еколошка акција е дел од тековните активности за заштита на животната средина, што Црвениот  крст од Охрид, ги спроведува секоја година,  пред почетокот на летната туристичката сезона.

OhridNews