Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и изминатите денови беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.

Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.

Акцијата, посочуваат дека  ја помогнаа маркетите Тамаро уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност.

Воедно од Црвен крст потсетуваат на почитување и примена на препораките за заштита од топлиот бран за време на најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч):

  • избегнувајте напорни физички активности на сонце
  • постојано внесувајте течности
  • избегнувајте мрсна калорична храна
  • носете светла лесна облека и заштитни очила и капа.

OhridNews