Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, беше крајно незадоволен од перформансите на тимот во квалификациите за Големата награда на Белгија.
Пилотите на Мерцедес забележаа многу послаби времиња од возачите на конкурентот за највисок пласман, тимот на Ред Бул.
Не можете да освоите пол-позиција, а за три недели да заостанувате дури 1,8 секунди од најдоброто време. Значи, има нешто што апсолутно не го разбираме – или нешто што очигледно оди наопаку. Јасно е дека Ред Бул се во нивната лига овде, а најблиските до нив се Ферари со заостанување 0,8 секунди. Но, тоа не ни дава никаква утеха. Според мене, ова беше најлошата квалификација во последните десет години. И без разлика на која позиција ќе завршиме на главната трка, таквата разлика ни е сосема неприфатлива. Пред три недели бевме на пол, а сега не бевме воопшто способни за ништо. Ако разбравме што точно не е во ред со автомобилот, би можеле да смениме нешто, да ги подобриме поставките. Луис (Хамилтон) рече дека директно зад неговиот автомобил, како да бил отворен падобран. Колата е многу нестабилна, особено во свиоците 8 и 9. Автомобилот скока со големи брзини, возачите не се чувствуваат сигурни. Односно, цел викенд не слушнав ниту една добра изјава за однесувањето на болидот. Па сега е време да го прифатиме тоа и да одлучиме што да правиме со болидот следната година, изјави Волф.
Возачите на Мерцедес на вчерашните квалификации ги освоија седмата и осмата стартна позиција.
Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија ќе почне денес во 15 часот.
OhriidNews