Извршниот директор на Мерцедес верува во потенцијалот на болидот на тимот за новата сезоната во Формула 1. Со новата регулатива, имаме уште многу да истражиме. Тестовите во Барселона беа продуктивни, по што значително го надградивме болидот и го донесовме на тестовите во Бахреин, изјави Волф за „RacingNews365“.
На овие тестови, возевме многу кругови, научивме многу за болидот, сигурноста беше многу добра. А сепак не беа лесни три дена. Испробавме многу различни поставки и постигнавме напредок, но сè уште има простор за подобрување. Нашиот болид има голем потенцијал, да го извлечеме максимумот од овој потенцијал е наша задача за наредните денови, недели и месеци. Тешко е да се каже колку конкурентни ќе бидеме во Бахреин, но тоа е она што ја прави новата ера на Ф1 толку возбудлива. Сите почнуваат од нула, се е на маса. Како што секогаш велиме, стоперката не лаже, затоа ја сакаме Формула 1. Ајде да видиме каде ќе биде Мерцедес во недела, рече Волф.
Првата трка од сезоната 2022 ќе се одржи во Бахреин од 18 до 20 март. Мерцедес го освојуваше шампионатот за конструктори во последните осум години.
OhridNews