Бодовната разлика помеѓу лидерот на табелата Ливерпул и второпласираниот Манчестер Сити останува четири поени после одигрувањето на 22-та рунда во Премиер лигата. „Граѓаните“ на победата од Ливерпул над Брајтон одговорија со убедлив и рутински триумф над Вулверхметон со 3-0.

Едно полувреме им беше доволно на пулените од Пеп Гвардиола да го решат победникот и освојат трите бодови. Габриел Жесус во 10-та минута го отвори резултатот, а до крајот на полувреме погоди уште еднаш од белата точка. На средината од првото полувреме гостите останаа со фудбалер помалку, откако Вили Боли доби директен црвен картон. Бројчаната предност на теренот им дозволи на Сити порастеретана игра и уште еден погодок. Стрелец беше Кевин де Брујне.

Манчестер Сити останува единствен конкурент на Ливерпул, откако вториот Тотенхем заостана после поразот од Манчестер Јунајтед на домашен терен. „Петлите“ имаат дефицит од девет бодови во однос на Ливерпул, а пет помалку од Манчестер Сити.

OhridNews