Сопругата на принцот Вилијам, позната и како војвотката од Кембриџ, се вратила на службените должности по порв пат откако од Кесингтонската палата одекнала веста за нејзината втора бременост. Кејт во друштво на сопругот, принцот Вилијам, го дочекала претседателот на Сингапур Тони Тан Кенг Јам и неговата сопруга Меи Тан кои се во официјална посета на Велика Британија.

Кејт изјавила дека едвај дочекала конечно да излезе од дома. На свечената приредба се појавила во модна креација на куќата Александер МекКвин, а на главата носела шешир Џејн Тејлор, а била видно добро расположена и насмеана. Своето второ дете кралскиот пар би требало да го добие на пролет 2015 година, а се чини дека Кејт после речиси два месеци во кои поради мачнини не се појавувала во јавноста и медиумите, повторно е спремна да продолжи со службените должности.