Добитничката на Греми награди и сопственичката на хитот „Hallo“, кој веќе достигна бројка од милијарда прегледи на Јутјуб, веќе ги одреди датумите за 105 концерти во Европа и Северна Америка, а на светската турнеја го води и синот Анџело. Сопругот Симон Конецки поради работата останува дома, но ќе го посетува семејството секогаш кога ќе има можност.

 

Се шушка дека пејачката Адел ангажира десетина дадилки кои ќе патуваат со неа, а најмила и посебен автобус во кој ќе направи детска играчница. Пријателката и колешка Бијонсе ја советувала со себе секогаш да го носи и детското креветче на Анџело, како малиот би можел поудобно да спие во хотелите.