Во касарната “Михајло Апостолски“ во Охрид денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето на 126 припадници на АРМ од единицата Леопарди во мировната мисија ИСАФ во Авганистан
Ова е втора ротација на оваа мисија, во која што се испраќаат мировници на АРМ.
Македонските војници, мисијата ја извршуваат во состав на Британскиот контингент во Кабул , а АРМ во Авганистан има распоредено и еден пешадиски вод во составот на Германскиот контингент и медицински тим во состав на грчката полска болница.