Откако јавноста го обвини британското министерство за одбрана дека го прикрива вистинскиот број на војници на кои поради повреди во Авганистан им биле ампутирани екстремитетите, британскиот „Дејли Меил“ потсети и на случајот со 25 годишниот Том Неатвеј кој во експлозија на бомба минатата година во Авганистан ги изгубил двете нозе и една рака.

Младиот војник од Воркестер во последниот период минувал низ страшни маки настојувајќи повторно да прооди со помош на вештачки нозе.


Благодарение на одлучноста, успеал да стане од инвалидска количка и гордо да застане пред принцот Чарлс, кој лично му ја врачил медаљата за заслуги.

„За тој потфат ми беа потребни 2 месеци напорно вежбање, иако реално за тоа требаше многу повеќе време“ – им рекол војникот на новинарите.

„Мојата наредна цел е да се вратам на работа. Не се чувствувам добро во пензија“ – додал тој.