Израелската војска се откажала од една планирана тајна операција во палестинско село на Западниот брег бидејќи еден од војниците кои требало да ја спроведат открил детали за операцијата на својот фејсбук профил. Напишал дека во среда ќе го исчистат селото Катана и дека ако даде господ во четврток се враќаат дома.
Неговите соборци, кои на друштвената мрежа ги прочитале деталите за операцијата, вклучувајќи го и точното време на нејзиниот почеток, веднаш ги известиле надредените, кои ја откажале операцијата. Израелската војска одбила да го коментира случајот. Војникот бил суспендиран од својата единица, и може да биде осуден на казна затвор.