Филмот „Војна на ѕзездите: Будење на силата“ со рекордна брзина во историјата на кинематографијата ја заработи својата прва милијарда долари. Компанијата Волт Дизни соопшти дека филмот таа граница ја проби изминатиов викенд, само 12 дена после премиерата. Претходниот филм кој го држеше овој рекорд е „Паркот Јура“, кој првата милијарда ја заработи за 13 дена во јуни оваа година. Меѓутоа, „Паркот Јура“ имаше предност и од големата заработка во Кина, додека кинеската премиера на седмата епизода од епската сага „Војна на ѕвездите“ е планирана дури за 9 јануари.

 

Филмот на режисерот Џеј Џеј Абрамс воедно го собори и Божиќниот рекорд со заработени 49,3 милијарди долари, и ја оствари втората најдобра заработка за еден викенд со проценети 150 милиони долари. Претходно овој месец се пишуваше дека благодарение на маркетингот и богатиот асортиман производи, посебно играчки, инспирирани од најновото продолжение на научнофантастичната приказна, судиото Дизни би требало да заработи близу пет милијарди долари.