Војдан Стојаноски, бекот поентер од Охридскиот АМАК СП се најде на поширокиот список од 24 играчи на кои смета македонскиот селекторот Јовица Арсиќ за квалификацискиот циклус за ЕП 2009.

Арсиќ ќе смета на следните кошаркари:

Предраг Самарџиски (ФМП Железник), Тодор Гечевски (Задар), Џеремаја Мејси (Реал Мадрид), Перо Антиќ (Лукоил Академик), Златко Гоцевски (Фени И), Перо Блажевски (Вардар О.), Марјан Ѓуров (Фени И), Диме Тасовски (Струмица), Ристе Стефанов (Лукоил Академик), Дарко Соколов (Струмица ), Војдан Стојановски (Амак СП), Горан Самарџиев (Фени И), Врбица Стефанов (Менорка), Владо Илиевски (Монтепаски), Димитар Мираковски (Ф. Работнички), Огнен Стојановски (Ф. Работнички), Јане Петровски (МЗТ ФОН Унив.), Ефтим Богоев (Струмица), Дариус Вашингтон (Арис), Мајк Вилкинсон (Химки), Ѓорѓи Чековски (Черкаски Мавпи), Тони Грнчаров (Струмица ) Александар Димитровски (Фени И, Александар Костоски (Гравлен).

Македонија ќе игра во квалификациската “Б“ Група за ЕП во Полска 2009 година. Противници на нашата репрезентација се Португалија, Летонија и Естонија.

ohridnews