Поранешниот кошаркар на АМАП СП, Војдан Стојановски со неговата екипа Алба Берлин го совладаа НБА тимот Сан Антонио Спарс 94-93.
Во преполната „О2“ арена германците одиграа рамо до рамо со „спарси“ кои од Берлин официјално ги започнаа подготовките за новата сезона.
Македонскиот репрезентативец во историскиот натпревар за „жолтите“ одигра пет минути постигнувајќи четири поени без промашување.
Кај актуелниот НБА првак маестрален меч одигра Тони Паркер, кој реализираше 28 поени. Во составот на Алба Берлин најпрецизен беше Меклин со 16 поени, а додаде уште десет скокови.
Мх.П.