Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Војдан Стојановски, го парафирал договорот со бундеслигашот Алба од Берлин.

„Го знам Војдан од времето кога го тренирав во Доњецк, тој беше еден од клучните играчи за освојување на шампионската титула во Украина. Војдан е играч кој напорно работи, тој одлично се вклопува во мојата тренерска филозофија“, изјави за sportando.net, тренерот на Алба, Саша Обрадовиќ, на чие инсистирање и беше реализиран трансферот на Војдан Стојановски.

Македонскиот репрезентативец изминатите две години настапуваше во Украина, во екипите на Черкаси и Доњецк, во кариерата уште играл за Вардар, охридски АМАК СП, Напредак Крушевац и Фени индустри.

Екипата на Алба, покрај со Војдан Стојановски, потпиша договор и со натурализираниот Полјак, Дејвид Логан, кој во Берлин пристигна од Макаби.

„Макфакс“