По речиси четири денцении од неговото лансирање “Војаџер 1” измина повеќе од 11 милијарди милји и стана првото вселенско летало кое го напушти Сончевиот систем.


Според НАСА “Војаџер 1” го напуштил Сончевиот систем пред 1 година, но до скоро немало доволно докази за да се потврди неговото преминување низ топлата плазма која ги опкружува планетите.

Неговата нова мисија е да ги истражи егзотичните честички и феномените за кои поседуваме ограничени информации и да ги пренесе податоците до Земјата.

Интересен е фактот што во ова летало има диск обложен со злато на кој се наоѓаат различни поздрави, песни и фотографии во случај да биде пресретнато од некоја “интелегентна форма на живот”.