Старлетата Ким Кардашиан и нејзиниот вереник Кање Вест се нашле на насловната на најновиот број на списанието „Вог“, кој според се ќе ги собори сите рекорди кога е во прашање продажбата. Имено, тие двајца наскоро ќе „продадат“ 500 илјади промероци од ова списание, и така ќе ги надминат насловните кои ги краселе Бијонсе и Мишел Обама.

Иако уредниците на списанието биле критикувани од сите страни поради поставувањето на овој пар на насловната, сите параметри покажале дека тоа бил најдобриот потег кој го направиле. Ана Винтур, уредничката на списанието, во повеќе наврати кажала дека цврсто стои зад својата одлука, па уште еднаш покажала кој е кој кога станува збор за модните списанија.