Списанието „Вог“ до крајот на годината ќе го отвори првото кафуле на Блискиот исток, и тоа во најголемиот трговски центар во Обединетите Арапски Емирати, Бурџ Калиф во Дубаи. Стјурат Нислен, директорот за ресторански работи на списанието рекол дека локалната заедница во Емиратите е многу свесна за брендовите.

Според него, луѓето секогаш сакаат да јадат и да пијат, а тие гледале можност и поради тоа што ја сакале модата. Во Емиратите веќе постојат продавници на најпознатите светски модни брендови, како Луј Витон, Бербери или Шанел, и многу се популарни меѓу добро ситуираните купувачи во таа земја. Така „Вог“ ќе им се придружи на бројните американски брендови кои се присутни во Дубаи.