Два ултра лесни воени авиони У-208 што припаѓале на шеестиот винг на италијанското воено воздухопловствоving се судрија денеска, нешто пред 12 часот во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на градот Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти загинаа, пренесува Кориера дела сера.
Реонот на несреќата е ограден од спасувачи кои проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага.
Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот.
Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.
Во име на Владата го изразувам моето најдлабоко сочувство до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по падот на авионот.
Длабоко сум потресен откако ја дознав страшната вест за смртта на двајцата пилоти. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и челниците на воздухопловните сили, рече претседателот на Сенатот Игнацио Ла Руса.
OhridNews