Москва ја очекуваат оштетувања од 40 милиони евра на улиците во средиштето на градот од големата воена парада кон крајот на неделава.

Русија планира на 9 мај да ја одржи најголемата воена парада од снемувањето на Советскиот Сојуз, со која ќе се обележи победата над Хитлеровата Германија.


Поради поминувањето на тенкови и други тешки воени возила кои ќе учествуваат во парадата, после прославата во Москва ќе биде потребно да се обноват околу 900 000 квадратни метри.

Само поправката на горниот слој на улиците, тротоарите и гранитните плочи на Црвениот плоштад на градот ќе чини околу два милиони евра.

Ќе треба да се обноват и делови на канализацискиот систем.

Московските власти сепак веруваат дека оштетувањата нема да се прошират на московската подземна железница, дел поради робусната градба, а дел поради дополнителните мерки на заштита. Во тунелите на подземната железница на Црвениот плоштад за време на парадата ќе бидат поставени дополнителни челични столбови.