Партијата на Македонците во Грција, „Виножито“,денеска се огласи со соопштение во кое се реагира на повикот за одржувањето на воена вежба на грчката Национална гарда во Лерин во кој се вели дека „Македонија е една и грчка“.


Нови грчки провокации овојпат од Армијата

„Виножито“ со жалење заклучува дека дека Грција никогаш нема да прифати постоење на македонски народ внатре или надвор од своите граници се додека не биде принудена да го направи тоа.Одржувањето на денешната воена вежба од страна на „Виножито“ се оценува како провокација кон Република Македонија бидејќи вежбата се одржува на само 20 километри од границата со Македонија. Според партијата тоа е уште еден доказ за лицемерството на Грција која од една страна ја обвинува Република Македонија за иредентизам, а од друга постојано спроведува иредентистички политики и поттикнува провокативни активности против северниот сосед.

Посебно е опасно бидејќи повикот „Македонија е една и грчка“ доаѓа од официјална институција на грчката држава и претставниците на „Виножито“ се прашуваат дали овој слоган промовиран од Владата и Армијата на Грција ќе биде користен за напад на Република Македонија во случај на нестабилност на Балканот.

Со овие постапки, како што велат од „Виножито“ се открива вистинското лице на грчката „демократска“ држава и поради тоа бараат  од сите институции на ЕУ да извршат притисок врз неа.  „Грција мора еднаш и засекогаш да почне да се однесува како вистинска членка на ЕУ, а не како експанзионистичкиот тоталитарен диктаторски режим од минатото“се вели во соопштението.

ohridnews