Британсакиот воен ветеран Казимиерс Микалски, стар 101 година, скротил крадец кој се обидел да му ги украде парите. Го срушил на земја и го држел додека не пристигнала полицијата. Поранешниот капетан го совладал крадецот стар 47 години и ги сочувал своите 300 фунти.
Крадецот го запознал пензионерот во црква. Овој му се претставил како градежен работник и му се понудил да му го поправи кровот. Меѓутоа кога стигнале во куќата се обидел да му ги одземе парите без да ја заврши работата. Кражбата и ја признал на полицијата. Го осудиле на три години затвор бидејќи претходно бил обвинуван за повеќе кражби.