Даниел Кури (87), преживеал два дена во јама длабока 70 метри. Немал ниту храна ниту вода, а му помогнале искуствата стекнати во втората светска војна. Одејќи низ еден шумски предел во Велс се лизнал и паднал во провалија длабока 70 метри. Во падот ги скршил рамото и лактот. Температурата во ноќите се спуштала до три степени. Почнал да халуцинира и да се потсетува на моменти од војната.
Помошта стигнала откако мештаните од едно село во близина ја виделе неговата кола како стои на истото место два дена. Повикале полиција. Го пронашле и го одвеле во болница каде сега се опоравува од повредите.