Партијата смета дека нема административни пречки ова јавно претпријатие да се подели на два одделни правни субјекти, Водовод Охрид и Водовод Струга, бидејќи тие и сега речи функционираат како два одвоени системи.
-Ефикасноста во работата на јавните претпријатија со поделбата ќе биде многу поголема, вели Ванчо Костоски – претседател на ОК ВМРО НП.
Според него со колекторот кој сега е дел од МЈП „Проаква“ во иднина треба да стопанисува ново државно јавно претпријатие.
– Најголемиот дел од долговите што ги има МЈП „Проаква“ се однесуваат на потрошена електрична енергија за колекторскиот систем и Охрид и Струга, како и јавното претпријатие не се во можност сами да го сервисираат тој долг и да го одржуваат колекторскиот систем, вели Костоски. По раздружувањето седиштето на фирмата треба да остане во Охрид затоа што на тој начин општината по основ на повраток од ДДВ годишно ќе инкасира околу 50.000 евра, пари кои сега завршуваат во касата на општина Струга каде наплатата е едвај 20% во споредба со Охрид каде тој процент е околу 80%, додава Костоски.
Според него нема пречка да се изврши трансформација на МЈП „Проаква“ поради заедничкиот кредит на двете општини, затоа што тие ќе си го преземат сервисирањето на истиот, за што како што рече, е постигната меѓусебна согласност.