Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“- Охрид известуваат дека поради санација на дефект на водоводната линија жителите од населба Рача и од улица „АРМ“ – Бараки, денес, ќе имаат прекин во водоснабдувањето до 13 часот.
Екипи на „Водовод“ – Охрид денеска ќе поставуваат нови водоводни приклучоци во село Орман и кај фонтаната на плоштадот што е во градба во близина на музичкото училиште „Методи Патчев“ .
Од „Водовод“ Охрид денеска ќе прават припреми и ископи за новата линија во новиот дел на општинската зграда.
OhridNews