Водовод Охрид, соопшти дека недостатотокот на хлор во водоводите во селата Вапила и Ливоишта со кои стопанисува јавното претпријатие, што било утврдено при контролата од страна на надлежните институции, се должи на преземените активности за санација на системот на 6-ти октомври, кога биле земени и мостри за анализа. Оттаму додаваат дека состојбата потоа е нормализирана, односно редовно се врши хлорирање и во водата од овие водоводи не е забележано присуство на бактерии.
Во соопштението сепак не се наведува дали за ваквите активности било известено локалното население.
Како што веќе информиравме со анализа надлежните служби утврдиле недостаток на хлор во водоводите во охридските села: Вапила, Сирула, Ливоишта, Куратица, Завој, Опеница и Косел, поради тоа Државниот инспекторат за храна донел решение за забрана за користње на водата од водоводите во овие села.
OhridNews
Неисправна водата за пиење во седум села во охридско