Котата на езерото измерена утринава е 693.42 (м.н.в), односно седум сантиметри над просекот за јануари кој изнесува 693.35 (м.н.в), покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нивото на Охридското Езеро е моментално 25 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 32 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).
Неделната анализа покажува благ пораст од првиот ден кога нивото било на кота од 693.39 м.н.в до денешното.
Температурата на водата денес е 6 степени што е во рамки на просекот на јануари.
OhridNews