Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.22 м.н.в што е за дванаесет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според податоците од УХМР нивото на езерото е 12 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 5 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Неделната анализа покажува дека освен првиот ден од мерењето кога водостојот бил на ниво од 693.23 м.н.в, останатите денови е константно на кота иста со денешната 693.22 м.н.в.

Н.С.Ј.