Водостојот на Охридско Езеро е за пет сантиметри понизок од просечниот за октомври и истиот е на кота од 693.26 м.н.в.
Според неделната анализа на Управата на хидрометеоролошки работи првите два дена нивото било на кота од 693.27 м.н.в., додека следните пет дена е константно на кота од 693.26 м.н.в.
Температурата на водата е 17,5 степени што е малку повисока од октомврискиот просекот.
OhridNews