Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.36 м.н.в што е за десет сантиметри под просекот за август (693.46 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според податоците од УХМР нивото на езерото е 26 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 19 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в)
Неделната анализа покажува опаѓање на водостојот од првиот ден кога бил на кота од 693.41 м.н.в до денешното ниво, речиси секојдневно по еден сантиметар.
Температурата на водата и во неделната анализа, како и денес е 25 степени што е над под просекот за август кој изнесува 23,5 степени.
Н.С.Ј.