Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.32 м.н.в што е за 14 сантиметри под просекот за август (693.46 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според податоците од УХМР нивото на езерото е 22 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 15 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува опаѓање на водостојот од првиот ден кога бил на кота од 693.36 м.н.в до денешното ниво, во просек по еден до два сантиметри.
За температурата на водата и во неделната анализа и во денешните информации нема податови.
Н.С.Ј.