Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.19 м.н.в што е за дванаесет сантиметри под просекот за октомври (693.31 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според податоците од УХМР нивото на езерото е 9 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 2 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Неделната анализа покажува дека нивото на езерото константно сите денови е на кота како денешната односно 693.19 м.н.в.

Н.С.Ј.