Водостојот на Охридското Езеро никако да се стабилизира. И јануари е сушен па повеќе од очигледно е опаѓањето на езерското ниво.
На официјалната веб страна на Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје стои податок од 9 јануари. Според тогашните мерења, водостојот на Охридското Езеро е на ниско ниво, односно на два сантиметри од минималната точка која се наоѓа на надморска висина од 693, 17 метри надморска висина.
Надлежните од ЕЛЕМ демантираат дека се врши испуштање на поголеми количини вода во Дрим за потребите на електросистемите во Македонија и Албанија. Според нив намаленото ниво на Охридското Езеро се должи на лошата хидролошка состојба во текот на минатата година.
Експертите од Хидробиолошкиот институт велат дека осцилациите на езерото се нормални, но доколку и 2008 година биде сушна тоа може сериозно да го загрози живиот свет во литоралниот дел на езерото.
ohridnews