Од езерото во Црн Дрим се испуштаат 60 метри кубни во секунда, а во опаѓање се и водостоите на реките од езерското сливно подрачје.
Највисокиот водостој на Охридското Езеро годинава беше измерен на 11 март, кога нивото ја достигна котата 694,01 метар надморска височина односно 26 сантиметри над максималната горна граница.