И покрај вчерашните врнежи, состојбата со езерата не е променета. Дојранското и натаму е над просекот за декември, а Охридското и Преспанското се под декемврискиот просек.
Според утреинските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на кота 693,07 метри надморска вечера, што е три сантиметри под дозволениот природен миниму, а 10 сантиметри под најниската кота утврдена со Билатералниот договор склучен со Албанија.
Нивоата на реките во земјава исто така не бележат поголеми промени. Црн Дрим и Сатеска се под просекот за овој период од годината, а алична е состојбата и со најголемите реки во земјата.
OhridNews