Нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар пониско од просечното за месец јануари, а непроменет останува водостојот во последните 6 дена до денес, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според неделната анализа од 5 јануари до денес водостојот е на исто ниво од 693,37 (м.н.в.). Нивото на Охридското Езеро со тоа е 20 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693,17 м.н.в.), односно 27 сантиметри над природниот минимум (693,10 м.н.в.).
Температурата на езерото е 8,5 степени, додека просекот за месец јануари е 7 степени.
Повисоко од просечното е и нивото на Дојранското Езеро и тоа за 2,95 метри, а на Преспанското Езеро е пониско за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).
OhridNews