Хидролошката состојба на најголемото природно езеро во земјата и натаму е неповолна за овој период од годината. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на 693,39 метри надморска височина, што е десет сантиметри под просекот за месец март.

Законскиот минимум утрврден согласно билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија е котата 693,17 м.н.в., додека природниот минимум е 693,10 м.н.в.

За разлика од Охридското, кое и покрај неповолната хидролошка состојба и сушата се’ уште е во добра кондиција, Преспанското Езеро и натаму е на загрижувачко ниво и е 90 сантиметри пониско од просекот за март.

Г.М.