Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за по еден сантиметар во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостојот на Охридското Езеро е 13 сантиметри понизок од просекот, а нивото на Преспанското Езеро е девет сантиметри под апсолутниот минимум и е за 1,61 метар понизок од повеќегодишниот просек за септември, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,59 метри повисок од просекот за овој месец. Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во земјава.

 

ОhridNews