Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи, нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,58 метри кај Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисок од просекот за ноември.
Со тоа водостојот на Охридско Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум 693,10 (мнм) и изнесува 693,11 (мнм), додека на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е осум сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Температурата на Охридското езеро денес изнесува 13 степени.
Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Бабуна, на мерното место кај Богомила, и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е малку повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Сепак, кај дел од нив се бележи благо зголемување на нивото во споредба со вчерашното.
OhridNews