Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина.
Неделната анализа покажува благ раст на нивото од 5 сантиметри, но истото е сеуште далеку зад просекот за април кој изнесува 693,57 метри надморска височина.
Температурата на водата денес е 13,5 степени што е за околу 3 степени над просекот за месецов.
Н.С.Ј.