За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри понизок од просекот за ноември и истиот е на кота од 693, 26 м.н.в. Температурата на водата е 18 степени и е над месечниот просек кој изнесува 12,9 степени.

Пониско од просечното и тоа за 1,93 метри е и нивото на Преспанското Езеро кое е на 21 сантиметар под апсолутно појавениот минимум  од 841,91 метри надморска висина. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 1,66 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

OhridNews