Водостојот на Охридско Езеро шест сантиметри под просекот за месец октомври. Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи четири дена нивото било на кота од 693.28 м.н.в, додека после бележи благо опаѓање од два до три сантиметри.

Денес езерото е на кота од 693.25 м.н.в односно шест сантиметри под просекот за октомври кој изнесува 693.31 м.н.в. Сепак нивото е 15 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).

Температурата на водата е 18 степени и е повисока од просечната за овој месец (16.7).

OhridNews