Водостојот на Охридско Езеро е шеснаесет сантиметри под просекот за ноември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.13 м.н.в., додека просекот за месец ноември изнесува 693.29 м.н.в. Нивото на езерото денес е 3 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и четири сантиметри под минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува опаѓање за еден сантиметар на нивото од првиот ден кога било на кота од 693.14 м.н.в., до денешното.
Н.С.Ј.