Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.23 м.н.в што е за единаесет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според податоците од УХМР нивото на езерото е 13 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 6 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува благо опаѓање на водостојот од првиот ден кога бил на кота од 693.25 м.н.в до денешното ниво.
OhridNews