Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.37 м.н.в, односно два сантиметри под просекот за февруари кој изнесува 693.39 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Истото моментално е 20 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 27 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).

Наназад седум дена водостојот на езерото е константно на истото ниво како и денешно измереното, додека температурата на водата денес е 9 степени што е околу 3 степени над просекот за февруари.

OhridNews