Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.63 м.н.в што е за 5 сантиметри над просекот за јули (693.58 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според податоците од УХМР нивото на езерото е 53 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 46 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в)

Неделната анализа покажува благо намалување на водостојот од првиот ден кога истиот бил на кота од 693.65 м.н.в до денешното 693.63 м.н.в., додека, пак, кај температурата на водата се бележат благи варијации од еден степен.

Температурата на водата денес во Охридско Езеро е 24 степени што е над под просекот за јули кој изнесува 22,8 степени.

Н.С.Ј.