На фестивалот „Marino Grape“ секоја година од фонтаната на главниот плоштад тече бесплатно вино. Но оваа година разладеното бело вино почнало да тече и низ славините во домовите. Бесплатното вино во едно гратче до Рим, мештаните го дочекале како чудо. Домаќинките кои миеле садови почувствувале мирис на алкохол.


Адриано Палози, градоначалникот на Мирина, рекол дека водоинсталатерите случајно го пренасочиле виното од фонтаната кон домовите. Грешката е навреме забележана и исправена. Но брзите Италијани веќе ги наполниле кантите со вино.