Вискито до 2018 ќе ја надмине водката по потрошувачката на глобално ниво, покажуваат податоците на британската компанија за истражување на пазарот „Еуромонитор“. Според резултатите од истражувањето, продажбата на виски во светот во однос на 2013 година ќе порасне за 17 проценти и ќе достигне 3,481 милијарда литри годишно, додека водка ќе биде продадено 0,8 проценти помалку, односно 3,428 милијарди литри. Како што е наведено, во светот најмногу се продава кинескиот „бајду“, 4,995 милијарди литри, а на второто место засега е водката со 3,5 милијарди литри годишно, а вискито е на трето место со 2,9 милијарди. Во центарот за проучување на федералниот и регионалниот пазар на алкохол велат дека во последниве 300 години вискиот бил прв во светот меѓу жестоките пијалоци. Тоа е најпопуларна врста алкохолен пијалок на светскиот пазар. Во светот не постоел производ кој би можел да претставува конкуренција на вискито кога во прашање е извозот.
Своевремено имало обиди на тој начин да се пласира текилата, но тоа не успеало, и водката, како што е наведени, е единствениот пијалок на кој тоа му пошло од рака. Тој процес започнал во 1981 година кога во Шведска се појави водката Абсолут, а потоа таа се појавила на американскиот пазар и почнала брзо да стекнува популарност меѓу ексклузивните пијалоци. Во САД моментално се пијат 750 милиони литри водка годишно и тоа е втор пазар на водка во светот после рускиот.