Неодамна била објавена вест дека во Москва е измислена водка во таблети. Истата ја патентирал Евгениј Москалев од Санкт Петерсбург, научник кој работел на разни владини проекти. Случајно открил начин за претворање на алкохолот во прав. Потоа направил низа испитувања и се досетил откритието да го промени на водката.


Таблетите се патентирани, едноставни за употреба, а не се знае колку теблети треба да се испијат за да почне алкохолот да дејствува врз човекот. Оние кои ги пробале велат дека имаат вкус на свеќа, но тој проблем наскоро ќе биде решен со додавање на разни вкусови. Ако овој проект заживее, пијаниците наместо по кафани ќе почнат да одат по аптеки.